мај 5, 2017

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ПРОЕКТОТ „ПЕНЗИОНЕРСКИ ПИСМА“ ОД ЛИЦА ВО ТРЕТО ДОБА ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Проектот „Пензионерски писма“ се финализира со изложба на уметнички дела од лица во трето доба. Овој проект се реализира во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ при Црвен крст на град Скопје во соработка со Агенција за пошти. Проектот континуирано се остварува веќе 6 месеци и има за цел да ја промовира историјата, културата и етнологијата во Р. Македонија преку уметноста, поврзувајќи ја со поштенската дејност како дел од традицијата во нашата земја. Настанот се реализираше на 05.05.2017 (петок) во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

< врати се назад