јули 13, 2016

Изложба на фотографии и дела од активностите за поддршка на мигрантите и бегалците кои транзитираа низ Р. Македонија

Во рамките на кампањата  “Стоп за рамнодушноста-Да ја сочуваме хуманоста”, која има за цел да ја подигне свеста кај населението за хуманите потреби на мигрантите и активностите за нивна поддршка, на 21.06.2016 година во 19:00 часот, во просториите на Музеј на град Скопје, се одржа изложба на фотографии и дела од активностите за поддршка на мигрантите и бегалците кои транзитираа низ Р. Македонија.

На изложбата присуствуваа Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.М, д-р. Саит Саити, директорот на Музеј на град Скопје, г-дин Љубен Тевдовски, како и голем број на поканети гости и волонтери на Црвен крст. Генералниот секретар на Црвениот крст на Р.М, д-р. Саит Саити ја отвори изложбата со свое обраќање кон гостите и истакна дека кампањата е одлична можност и механизам за луѓето да ја покажат својата хуманост, амбиција и волја за да им помогнат на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја. “Тимот на Црвен крст и нашите волонтери се постојано присутни на терен и сакам да испратам порака и повик до сите оние кои што не ја покажале својата хуманост да го сторат тоа“ – рече Саити. Тој нагласи дека изложените фотографии се сведоштво за настаните кои се случија во нашето секојдневие, за страдањата и личните разочарувања, проблемите и катастрофите со кои се соочуваат мигрантите, но и за посветеноста и активното вложување на волонтерите на Црвен крст во текот на целата кампања кои треба да претставуваат поттик за секого во иднина да се вклучи во вакви активности и да се угледа на нивната работа и посветеност.

< врати се назад