ИЗЛОЖБА НА ВОЕН МУЗЕЈ
Денес во Галеријата на Воениот музеј во објектот на Музеј Македонија, Скопје е отворена изложба МЕРЛ ЛЕ ВОЈ-Фотографии од Македонија – Американски Црвен крст во Македонија за време на Првата свеска војна.
На покана на Воениот Музеј при Министерството за одбрана на Република Македонија Црвениот крст зеде учество со свои експонати, фотографии и предмети кои отсликуваат дел од соработката со Американскиот Црвен крст, Американската Амбасада во Република Македонија како и граѓани на Америка кои волонтираат во активности на Црвениот крст.
Изложбата ја отвори Н.Е. Зоран Јолевски, Министер за одбрана на Репиблика Македонија а свое обраќање имаше и Н.Е. Џес Л.Бејли, Амбасадор на Соединетите Американски држави во Република Македонија.