Red Cross Shape
ИЗРАБОТКА НА АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА КОНТРОЛА НА ТУБЕРКУЛОЗАТА НА ЛОКАЛНО НИВО

2015-10-02

ИЗРАБОТКА НА АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА КОНТРОЛА НА ТУБЕРКУЛОЗАТА НА ЛОКАЛНО НИВО

Во рамките на проектот ДОТС интервенции во Р Македонија, поддржан од Глобалниот фонд за борба против Сида и туберкулоза на 30.09.2015 година во Битола беше реализирана работилница во голема група. На оваа работилница присуствуваа преставници од локалната самоуправа, матични лекари, претставници, од антитуберкулозниот диспанзер, претставници од образовните институции, претставници од медиумите и тн.

Работилницата имаше за цел запознавање на присутните со состојбата со туберкулозата во светот и кај нас, насоките на националната стратегија за контрола на туберкулоза во светот и кај нас, насоките на Националната стратегија за контрола на туберкулоза, анализата од спроведеното теренско истражување кое имаше за цел утврдување на знаењето на населението за ова заболување, проблемите со кои се соочуваат заболените од туберкулоза и нивните потреби.

Во текот на работилницата беше развиена дискусија помеѓу присутните претставници со цел изнесување на проблемите на локално ниво сврзани со ова заболување, издвојување на приоритетите и утврдување на предлог мерки за контрола на туберкулозата кои ќе бидат основа за изработка на локалниот акционен план кој треба да допринесе за оддржливо зголемувањена откривањето на ТБ заболените и стапката на излекување. Во нареданата фаза на овој проект ќе следи изработка на локалниот акционен план кој ќе ги одсликува наодите на досегашните активности и ќе вклучува реални, одржливи активности на локалната самоуправа на полето на туберкулоза и неговото доставување до советот на оваа локална самоуправа.

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
Претставници на ЦКРСМ учествуваа на обука за анализа на ризик и сценарио во Сараево
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom