септември 4, 2015

John Engedal Nissen од 05 Aug 2015 е делегат за комуникација во итни ситуации (МФЦК/ЦП) во Република Македонија – Црвен крст на РМ

John Engedal Nissen Јас сум обучен новинар и во мината година работев како новинар во Данскиот Црвен крст. Моментално сум испратен од МФЦК/ЦП како делегат за комуникации во итни ситуации во Република Македонија за кризната ситуација со мигрантите.

Мојата работа е да создадам свест за хуманитарните потреби на илјадниците мигранти кои се движат низ Македонија, и како Црвениот крст помага на овие луѓе. Многумина од нив се на тежок пат повеќе денови барајќи засолниште и безбедност, а дополнително имаат и страдања во вид на насилство, загуба на блиски, уништени домови итн. Клучно е да се продожи со хуманитарната поддршка за овие ранливи лица – а тоа е и причината за која сум тука.

Бев и на јужната граница во близина на Гевгелија и на северната граница кај Табановце, на двете места е присутен Црвениот крст на РМ каде дистрибуира помеѓу останатото и вода, храна, хигиенски пакети и обезбедува медицински интервенции. Одговорот е потребен и добро организиран. Само во Август повеќе од 8500 деца на мигранти добија помош од страна на Црвениот крст на Република Македонија.

Мигрантите со кои што разговарав лично, ми кажаа дека е од голема важност за нив помошта која ја добиваат, особено за децата, и како се третирани со голема почит како човечки суштества. Многумина раскажуваа тажни приказни за тоа зошто и како морале да ја напуштат својата земја за да бараат засолниште.

pr.

< врати се назад