Нов коронавирус ( nCoV) eпидемија 2020
Вовед
На 31 декември 2019 година, СЗО доби информација за изолирани случаи на пневмонија од непознат причинител детектирани во градот Вухан, Хубеи провинција во Кина. Овие изолирани случаи на пневмонија подоцна беа детектирани како инфекција од нов коронавирус (nCOV). До 22 Јануари, беа потврдени повеќе од 400 случаи на лица инфицирани со коронавирусот , меѓу кои и здравствени работници во Кина, Јужна Кореја, Тајланд и САД.
Што е коронавирус?
Пред оваа епидемија, беа познати 6 типови на коронавируси кои предизвикуваат инфекции кај луѓето, но има многу повеќе типови на коронавируси кои предизвикуваат инфекции кај животните. Постои веројатност дека новиот коронавирус има потекло од животните, пред да се пренесе кај луѓето. Оригиналниот извор на овој вкрстен однос на пренесување на инфекцијата сеуште не е точно дефиниран.
Kако се пренесува?
Потврдена е трансмисија на новиот коронавирус преку луѓе, што значи дека животните како домаќин не се повеќе потребни за пренос на болеста, вирусот може да се пренесе и од човек на човек.
Точниот начин на трасмисија сеуште не е познат. Предходни епидемии на коронавирусот, вклучувајќи ги Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС) и Средено Источен Респираторен Синдром (СИРС), двате најопасни епидемии до сега, првенствено се шират преку контак и капки.
Вообичаено, коронавирусот се пренесува преку:
- Контакт со капки кои се создаваат кога заболениот кашла или кива, со што капките од плунка или останати телесни течности кои го содржат во себе вирусот се пренесуваат на други луѓе или предмети;
- Близок личен контакт, како на пример, допираење, ракување и сексуален контакт;
- Допирање на предмет или површина на кој вирусот е пренесен, како на пример, квака од врата, лични предмети и потоа допир на уста, очи или нос, без предходно да се измијат рацете со сапун.
Некои коронавируси, како на пример САРС – КоВ, може да се најде во фецесот и урината на лицата инфицирани со вирусот, и може да се пренесе при допир на овие течности.
Симптоми
Повеќето луѓе во еден период од животот се имаат здобиено со инфекција од коронавирус, која траела кратко и притоа не развиле некоја тешка симптоматологија како на пример, грозница, кашлање, глад за воздух итн. Хуманиот корорнавирус може понекогаш да предизвика заболување и на долниот респираторент тракт како на пример, бронхит или пневмонија. Оваа појава е повеќе вообичаена кај лица со срцево – белодробни заболувања, лица со слаб имунитет, новороденчиња и стари лица. Покрај пневмонијата и тешките акутни респираторни инфекции, при тешки состојби на овој вирус може да дојде и до престанок на работата на бубрезите или смрт.
Времето на инкубација не е сеуште точно познато, но е проценето дека се движи од 0 -14 дена, со симптоми кои трааат од 1- 15 дена.
Како се превенира
Мерките за превенција од новиот коронавирус се слични со мерките за превенција на останатите вируси кои се пренесуваат преку контакт или капки.
Мерките за превенција се следните:
- Редовно миење на рацете со сапун
- Покривање на устата и носот при кашлање и кивање
- Темелно готвење на месо и јајца
- Избегнување на контакт со лица кои покажуваат знаци на грип
- Избегнување на незаштитен контакт со диви животни, добиток и живина
За лицата кои се грижат за членови од фамилијата во домашни услови кои имаат лесна респираторна инфекција, употребата на хируршки маски уште од почетокот на болеста па се до излекување, редовно и правилно миење на рацете, ја намалува можноста и тие самите да се инфицираат.