Кампања по повод Недела на борба против гладта
Црвен крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања под мотото „Помислете и на нас“, која ќе се спроведе од 16 до 22 октомври преку Црвениот крст на град Скопје и општински организации на Црвениот крст. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните. Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка на компании, здруженијата на граѓани, и граѓани.
Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400. Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.