Кампања по повод „Недела на борба против гладта“
Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борба против гладта со организирање на кампања под мотото „Помислете и на нас“, која се спроведува од 16 до 22 октомври во рамки на „Неделата за борба против гладта“. Хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна ќе се организираат во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, компании, здруженијата на граѓани, и граѓани.
Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400. Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.
Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните.