Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Кампања за Црвен крст

2021-11-02

Кампања за Црвен крст

Црвениот крст на Република Северна Македонија со поддршка од Меѓунардониот комитет на Црвениот крст во октомври месец започна кампања за дисеминација на улогата и работата на националното друштво со посебен фокус на локалната соработка меѓу Општинските организации на Црвениот крст и институциите на државата.

Во рамки на кампањата се организирани пет работни средби во ООЦК Охрид, Кичево, Неготивно, Велес и Битола. На истите учество земаа  41 претставник од Црвениот крст, Противпожарните единици, Секторите за внатрешни работи, Здравствените домови, Армијата, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи и Центрите за социјална работа.

Во месец ноември во секоја од институциите ќе се организира дисеминациска сесија за вработените лица со цел да се промовира соработката и да се разгледаат можностите за надградба на партнерствата.