јуни 6, 2022

Кампања за прва помош – „Првата помош спасува живот!“

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од месец мај 2022 година – март 2023 година спроведе кампања по прва помош под мотото Првата помош спасува живот наменета за младата популација на возраст од 12-18 години на територија на Република Северна Македонија.

Кампањата по прва помош претставува заложба и амбиција на Црвениот крст на Република Северна Македонија во подигање на свеста на младата популација за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош и промовирањe на првата помош во образовните институции. Првата помош претставува витална иницијална интервенција која помага во намалување на повредите и зголемување на шансите за преживување во настаната состојба во која животот на поединецот или група на луѓе е во опасност.

Во рамки на кампањата  општинските организации на Црвен крст на РСМ спроведоа 736 обуки  по прва помош и едуцираа вкупно 28 206 ученици од основните и средните училишта на територија на Република Северна Македонија. На овие обуки децата имаа можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот. 

 

< врати се назад