Конститутивно – Изборна седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија
Денес, на 30.06.2017 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, се одржа Конститутивно – Изборна седница на Собранието на Црвениот крст на Република Македонија за мандатниот период 2017-2021 година.
Во 2017 година, Црвениот крст на Република Македонија го започна изборниот процес на раководната структура на ниво на цела организација со претходни избори во Општинските организации на Црвениот крст на РМ и Црвениот крст на град Скопје. Комисијата за спроведување на избори и верификација на изборниот процес во организацијата на Црвениот крст на РМ го следеше изборниот процес на ниво на организацијата согласно Статутот на Црвениот крст на РМ и правилата за спроведување на избори и верификација на изборниот процес на Црвениот крст на РМ и поднесе извештај до Собранието на Црвениот крст на РМ.
На Конститутивно – Изборна седница на Собранието на Црвениот крст на РМ се избрани носители на функции како што се: Претседател на Црвениот крст на РМ, Проф.д-р Ромел Велев како и двајца потпретседатели на Црвениот крст на РМ, Др Нухи Јусуфи и Димитар Каракулев, членови на Раководен одбор и Претседател и членови на Финансиска комисија.