февруари 17, 2020

Координативен состанок со локални координатори за врсничка едукација за борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на проектот „Борба против трговија со луѓе“ поддржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, на 14 јануари 2020 година во Општинската организација на Црвен крст Прилеп одржа координативен состанок на кој присуствуваа секретари и локални координатори за врсничка едукација за борба против трговија со луѓе од општинските организации на Црвениот крст Битола, Прилеп, Ресен, Куманово, Кочани и Кичево. Целта на состанокот беше да се разгледаат и одобрат плановите за акција согласно дадените насоки за организирање на превентивни активности на терен. На состанокот беа претставени плановите и досегашните активности кои се преземени во однос на дефинирање на датуми и определување на училишта за одржување на превентивните работилници.

По спроведување на вториот циклус на обуки кој завршува со 22.03.2020 година секој тим составен од 5 врснички едукатори ќе  одржат по 8 превентивни работилници со нивни врсници во основни и средни училишта за подигање на свеста  за заштита од трговијата со луѓе. Беше препорачано пред теренските активности, една работилница да биде одржана со Клубот на млади во нивната општинска организација, а останатите 8 работилници во училиштата. На волонтерите на Црвениот крст им беа дадени едукативни алатки – прирачници, презентации, филм кој можат да го употребат за спроведување на активности на терен (настани), како и формати за известување од спроведените работилници. Дополнително ќе им бидат доставени информативни флаери и маици кои ќе ги користат при имплементирање на  превентивните лекции во основните и средни училишта во шесте општини.

< врати се назад