
2019-06-19
Координативна средба со секретари
На 18 јуни 2019 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа координативен состанок со секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.
Секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје беа запознаени со Правилници поврзани со донесување на Законот за именување и дополнување на Црвен крст, новиот концепт за планирање, воспоставување на системот за мониторинг и евалвација, Кампањата за прва помош. А исто така се дискутираше за надградба на софтверски решенија за тековно работење кои имаат за цел да ја поуспешат работата на Црвениот крст на Република Македонија во претстојниот период.