април 25, 2018

Координативна средба со секретари

На 24 април 2018 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија се одржа координативен состанок со секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

Работата се одвиваше во две фази. Во првата фаза секретарите на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје дискутираа за новите софтверски решенија кои имаат за цел да ја поуспешат работата на Црвениот крст на Република Македонија во претстојниот период. А во втората фаза дискутираа за Предлог – Правилник за методологија за определување на работни места и пресметување на плати во Црвен крст на Република Македонија.

 

< врати се назад