Координативна средба со секретарите на OOЦК/ ЦКГС
На 21.12.2017 година се одржа координативна средба со секретарите на Општинските организации на Црвениот крст на РМ и Црвен крст на град Скопје (OOЦК/ ЦКГС) во централната канцеларија на Црвениот крст на РМ.
На средбата присуствуваа 32 секретари од OOЦК/ ЦКГС и координативната средба ја водеше генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, д-р Саит Саити.
На координативната средба беа дискутирани повеќе прашања од интерес на развојот на организацијата. Помеѓу другото акцентот беше ставен на утврдување на програмите на Црвениот крст на РМ за 2018та година, како и изработката на оперативниот план за работа на сите интерни единици на Националното друштво во престојната година. Понатаму, беше нагласено и воведувањето на новиот информативен менаџмент систем кој има за цел да го подобри и усоврши протокот на информации и показатели за остварувањата на организацијата во различни програмски дејности. На средбата исто така беше дискутирано за новата нормативна рамка и нејзината примена во работењето на Националното друштво.