август 14, 2017

„Креирање на можности за нови вработувања на жената“

Во рамки на проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, во месеците мај и јуни 2017 година, заврши процесот на селекција на кандидатки за негувателки на стари и немоќни лица.

Над педесет кандидатки беа опфатени во процесот на селекција кој опфаќа кратко интервју, социолошки и психолошки прашалник. Желбата за професионално јакнење и интересот за оваа професија ги мотивираа нашите кандидатки да се јават на овој повик.

Во истиот период, тим од тројца експерти ја креираа Програмата за обуката на негователи/-ки на стари и немоќни лица  и истата беше верификувана од страна на Центарот за образование на возрасни. Истовремено, беше изработен и Припрачник за работа со стари и изнемоштени лица, кој има за цел да послужи како водич во обезбедувањето на нега за стари лица. На овој начин кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со сертификат којшто е признат во Република Македонија.

Во текот на јули, тим од два социјални работници и психолог имаа средби со претставници од  Дневните центри за стари лица , во рамки на Црвен крст на град Скопје и Здруженијата на пензионери, со цел да се обезбедат информации за потенцијални кандидати за пилот фазата за нега во домашни услови.  Дополнително, беше одржана средба со претставници од патронажните медицински служби при ЈУ Здравствен Дом- Скопје, кои споделија информации за потенцијални кандидати на стари лица на кои им е потребна нега.

Проектот „Креирање на можности за нови вработувања на жената“, е имплементиран од страна на Црвениот крст на Република Македонија во партнерство  со Здружението Хуманост, Скопје и Австрискиот Црвен крст и финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

< врати се назад