ЛЕНДИНГ СТРАНА за кампањата за прва помош
Црвениот крст на Република Македонија бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош. Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за возачите, започна од 15 јули 2019 година а следува по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред се возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа.
Кампањата ќе трае до 15 септември 2019 година, а ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински организации на Црвениот крст, каде ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи.
Со освежување на знаењето за укажување прва помош ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи.
Не дозволувај ти и твоите најблиски да бидат жртва на твоето незнаење. Дојдете во Црвениот крст и бесплатно освежете го знаењето за Прва помош. http://prvapomos.pagedemo.co/
Пријавете се и Вие!
Твоето незнаење чини живот!