Меѓународен летен кампус 2015
На 30 јуни 2015 во 10 часот во Центарот за обука „Пепелиште” беше отворен Летниот кампус 2015. И оваа година традиционално, Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е домаќин на питомци и студенти од земјите во регионот, како и од земји кои се членки на НАТО. Оваа година во периодот од 29 јуни до 09 јули 2015 година, Воената академија со поддршка од Министерството за одбрана и од Генералштабот на АРМ во Центарот за обука „Пепелиште” ја реализира оваа веќе реномирана меѓународна активност.
Меѓудругото на свеченото отварање на Летниот кампус 2015 беше упатена посебна благодарност до Црвениот крст на Република Македонија и истакната досегашната поддршка и успешната долгогодишна соработка
Црвениот крст на Република Македонија и оваа година учевствуваше во академскиот дел на Меѓународниот Летен кампус 2015 со свој претставник и свое предавање на тема: “Улогата на Црвениот крст во пост – конфликтни ситуации”.