Red Cross Shape
Меѓународна обука за вода и санитација и промоција на хигиена, Дојран 2017

2017-05-19

Меѓународна обука за вода и санитација и промоција на хигиена, Дојран 2017

Во периодот од 12.05 до 19.05, 2017 година Црвен крст на Република Македонија во соработка со Австриски Црвен крст –Штаер организира обука за вода и санитација и промоција на хигиена во Центарот на Црвен крст на РМ во Дојран.

На обуката учествуваат 26 учесници и тренери на Црвен крст на РМ и 7 учесници и тренери на Австриски Црвен крст. Во текот на осумдневната обука се разработуваа содржини за обука за работа со станицата за прочистување на вода ТWA6, како што се лабораториско тестирање на вода, обука за санитација и промоција на хигиена, дистрибуција на вода и проценка на терен за обезбедување на водни ресурси.

Обуката ја спроведуваат искусни лиценцирани инструктори за прочистување на вода од Црвен крст на РМ и Австриски Црвен крст. Сите учесници кои  ја поминаа обуката се стекнаа со сертификати за оспособени кадри за работа со станица за прочистување на вода.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom