Меѓународно хуманитарно право и активности на Црвен крст на Република Македонија, во касарната Мирче Ацев –Прилеп
На ден 17 мај 2017 година во касарната Мирче Ацев во Прилеп во касарната претставник на Црвен крст на Република Македонија одржа предавања со презентација за дисеминација на Движењето, Меѓународно хуманитарно право и активности на Црвен крст на Република Македонија, дисеминација и подготвеност и дејствување при катастрофи. Целна група на слушатели беа униформирани лица со чинови и војници кои со интерес ги следеа предавањата и изразија задоволство за соработката.
Пред почетокот со предавањето претставниците од Црвен крст на РМ имаа кратка средба со заменик командантот на Касарната.
Во делот на дисеминацијата учесниците се запознаа со улогата и мандатот на Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, МКЦК, МФЦКЦП и Црвен крст на Република Македонија, амблемот на Црвениот крст и Меѓународното хуманитарно право со осврт на Женевските конвенции и Дополнителните протоколи. За потреби на библиотечниот фонд во касарните, на одговорните лица задолжени за организација им беа поделени примероци од брошури за амблемот, Основни правила на МХП, *Постојана хуманитарна мисија, Заштита во случај на катастрофи и Женевските конвенции и Дополнителните протоколи како и Резиме на ЖК и ДП.
За активностите на планот на подготвеност и дејствување при катастрофи, посебен осврт е даден на поставеноста и делувањето на овој систем во Црвен крст на РМ во домашни и меѓународни рамки, соработката со надлежните институции во РМ, посебно Министерството за одбрана, МВР, ЦУК, ДСЗ, Локалната самоуправа и вклученоста на претставници на ЦКРМ во координативни тела формирани за време на природни катастрофи и непогоди и активноста на тимовите на ЦКРМ. За најновите случувања со поплавите кои ја погодија минатата година делови од Република Македонија, мигрантската и бегалска криза е потенцирана заедничката соработка со надлежните институции и активностите што ЦКРМ ги презема во рамки на својата улога – дистрибуција на хумaнитарна помош, укажување на прва помош, воспоставување семејни врски и едукативни активности.