Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Младите избраа ново раководство!

2022-06-20

Младите избраа ново раководство!

Во изминатиот период во 33 Клубови на млади на Црвен крст на РСМ се спроведоа избори за нови лидери, заменици, членови на координативни тела и претставници во Советот на млади на Црвен крст на РСМ. Тоа низ бројки значи дека имаме 33 нови лидери, 33 нови заменици лидери, околу 200 нови членови на координативни тела и 33 претставници во Советот на млади.

На национално ниво пак, на 15.06.2022 година се одржа изборно-конститутивна седница на Советот на млади за мандатен период 2022-2026 и со особено задоволство сакаме да ве известиме дека новиот претседател на Советот на млади е Александра Сандева. Заедно со Александра во тимот се и потпретседателот Арба Џила  и членовите на националното координативно тело и тоа Кристијан Крстевски, Сара Ковачевска, Елена Кузмановска, Ивана Стојановска и Теодора Тасевска.

Овие млади ќе го вложат својот потенијал, време, исксутво и желба наредните години за остварување на мисијата и визијата на организацијата како и загарантиран напредок во целокупното работење благодарејќи на нивната енергија и пасија за организацијата.

 

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025