август 8, 2021

МОБИЛНИТЕ ТИМОВИ НА ТЕРЕН ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДРШКА НА ЕКИПИТЕ КОИ СЕ БОРАТ СО ПОЖАРИТЕ ВО ДЕЛЧЕВСКО

Мобилниот тим на Црвен крст на РСМ сеуште активно е вклучен во логистичка поддршка на екипите, институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот во Делчевско- Пехчевскиот регион. Поголемиот дел од големиот пожар е ставен под контрола, но ветрот не оди во прлог на екипите кои се борат со пожарот. Изминатите два дена беа дистрибуирани уште 336 шишиња вода од 0.5 литри и 336 шишиња вода од 1.5 литри и 150 сендвичи за лицата вклучени во гаснење на пожарот. Засега никој од активно вклучените гасители на пожарот не побара укажување прва помош.

< врати се назад