октомври 9, 2015
МОРЏАНА Е НАЈМАЛАТА МИГРАНТКА ШТО ПРИСТИГНА НА ТАБАНОВЦЕ
Морџана се роди во Гевгелија, а на граничниот премин кај Табановце пристигна на возраст од само 3 (три) дена. На Табановце Морџана и нејзините родители ги пречека мобилниот тим од Црвенот крст на Република Македонија.
Кристина Петрова парамедик од Црвениот крст која е дел од тимот се грижеше за Морџана неколку саати додека нејзините родители се одмараа и се подготвуваа за следната дестинација.
Морџана се родила како здраво бебе без никакви инфекции. Црвениот крст се погрижи за пелени, цуцли, млеко, креми и се останато што им беше потребно.
Морџана и нејзините родители го продолжија својот макотрпен пат до Белград #ProtectHumanity