МОЖЕМЕ ЗАЕДНО, МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ
На 14 септември 2016 година, Американската амбасада во Скопје го одбележи Американскиот национален ден на служба и сеќавање на жртвите ( 11 септември ) преку крваодарителска и прехранбено – собирна акција во соработка со Црвениот и Институтот за трансвузиона медицина.
Учествувајќи во оваа крводарителна акција и собирна акција за прехранбени продукти, сите доброволци имаа можност на еден благороден начин да дадат поддршка која е замислена да им помогне на оние на кои најмногу им е потребна помош. Целта е сите луѓе, без разлика на нивната вероисповест, етничко потекло или раса, да се здружат и да се посветат на една заедничка кауза.
Денешниот ден инспирира надеж и потсетува дека хуманоста и човекољубието треба да се издигнат на уште повисоко рамниште, да ја продолжиме традицијата која трае веќе oсум години и стана синоним за промените кои ги носи денешницата.
Денешната крводарителска и собирна акција се придонес во нашата заедница, активност кој ги артикулира различностите претворајќи ги во хуманитарни ефекти. Тоа е пораката која сакаме денес да ја упатиме одовде. Нека денешниов ден не потсети колку е важно да сме заедно, да даруваме и одвоиме дел од себе за другите, да помогнеме, да помислиме на оние кои имаат потреба од помош, оние кои имаат потреба од нас.
Досегашната соработка со Амбасадата на САД, помеѓу другото е одраз и на општествената одговорност на нејзините вработени и претставува пример за воспоставено пријателство помеѓу нашиот и американскиот народ, особено во заедничката грижа за заедницата и нашите граѓани – изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити.