мај 29, 2014

На 29.05.2014 година од магацинот во Момин поток тргнаа 3 шлепери хуманитарна помош со 48.061 кг во вредност од1.807.560 ден

Почитувани,

На 29.05.2014 година од магацинот во Момин поток тргнаа 3 шлепери хуманитарна помош со 48.061 кг во вредност  од1.807.560 ден или 29.392 евра за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина.

Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина и со учество на амбасадата на Република Босна и Херцеговина во РМ.

Горе наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ. Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.

Дополнителна пратка на хуманитарна помош за настраданото население во подрачјата зафатени од природната катастрофа, Црвениот крст на РМ ќе ја организира кон крајот на неделата или во почетокот на наредната недела.

< врати се назад