мај 21, 2014

На денешен ден пред 22 години Црвениот крст на Република Македонија се осамостојува како посебно национално друштво на Црвен крст.

Почитувани,

На денешен ден пред 22 години Црвениот крст на Република Македонија се осамостојува како посебно национално друштво на Црвен крст.

Со помош и поддршка на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, други национални друштва како и партнерскиот однос со владините организации и институции во Република Македонија, Црвениот крст на Република Македонија во изминатиот период организира активности и акции за паметење.

И денес ,волонтерите и вработените во Црвениот крст раководени од основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина на дело ја показуваат хуманоста и доброволноста за помош на погодените подрачја од елементарната непогода во Србија и Босна и Херцеговина, со што се одбележува 21 Мај.

На сите им изразуваме ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ

< врати се назад