декември 22, 2021

Обезбедени наменски возила  на Црвениот крст на РСМ

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на проектот ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот крст,, поддржан од страна на  Австриската Агенција за развој, Австрискиот Црвен крст и Швајцарскиот Црвен крст, обезбеди две наменски возила за превоз на лица кои според здравствената состојба во која се наоѓаат не се итни и не се во животно загрозувачки ситуации. Услугата ќе се испорачува на лица кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга заради старост, болест, неможност или потешкотии, самостојно да се движат.

Пилот услугата се очекува  да започне во Февруари 2022 година  и истата ќе се испорачува на територија на градот Скопје.

 

< врати се назад