Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Национален онлајн квиз по прва помош

2021-09-22

Национален онлајн квиз по прва помош

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 20 Септември 2021 го организираше првиот Национален онлајн квиз по прва помош на кој учество земаа 100 млади организирани во дваесет екипи од Клубовите на млади на Општинските организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје.

Квизот претставуваше можност младите да ги освежат и потврдат своите знаења од областа на првата помош како круцијна животоспасувачка вештина.

Националниот квиз е дел од низата на активности организирани по повод Светскиот ден на првата помош кој оваа година се одбележува под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница”.