Настан по повод Светскиот ден за подигање на свеста за злоупотреба на старите лица
Меѓународната мрежа за превенција за злоупотреба на стари лица (INPEA) во 2006 година го прогласи 15 јуни за Светски ден за подигнување на свеста за злоупотреба на старите лица. Овој ден во 2011 година беше назначен како Меѓународен ден на Обединетите нации. Оваа година темата за одбелелеување на денот е „Пристап до правда“. Пристапот до правдата е основно право само по себе и основен предуслов за заштита и унапредување на сите човекови права.
По повод Светскиот ден, Црвениот крст на Србија и Црвениот крст на Австрија на 15 јуни 2021 година организираат онлајн настан кој ќе биде проследен и од страна на Црвениот крст на РСМ. На панел сесијата од страна на експерти ќе се дискутира за начините за надминување на бариерите и ќе се прикажат примери за пристап до правда кај постарите лица, лица кои претрпеле насилство, злоупотреба и занемарување, вклучително и за време на сегашната пандемија КОВИД 19.