Red Cross Shape
Настан по повод Светскиот ден за подигање на свеста за злоупотреба на старите лица

2021-06-14

Настан по повод Светскиот ден за подигање на свеста за злоупотреба на старите лица

Меѓународната мрежа за превенција за злоупотреба на стари лица (INPEA) во 2006 година го прогласи  15 јуни за Светски ден за подигнување на свеста за злоупотреба на старите лица. Овој ден  во 2011 година беше назначен како Меѓународен ден на Обединетите нации. Оваа  година темата за одбелелеување на денот е „Пристап до правда“. Пристапот до правдата е основно право само по себе и основен предуслов за заштита и унапредување на сите човекови права.

По повод Светскиот ден, Црвениот крст на Србија и Црвениот крст на Австрија на 15 јуни 2021 година организираат онлајн настан кој ќе биде проследен и од страна на Црвениот крст на РСМ.  На панел сесијата  од страна на експерти  ќе се дискутира за начините за надминување на бариерите и ќе се прикажат примери за пристап до правда кај постарите лица, лица кои претрпеле насилство, злоупотреба и занемарување, вклучително и за време на сегашната пандемија КОВИД 19.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom