Научени лекции за КОВИД-19 пандемијата
Во периодот од 16-17ноември 2022 во Белград, Србија регионалната канцеларија за Европа на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, организираше работилница на тема ‘‘Научени лекции КОВИД-19,,.
Работилницата беше организирана во рамките на проектот ‘‘Поддршка на процесот на КОВИД-19 вакцинација во Република Северна Македонија,, финансиран од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На работилницата учествуваа претставници од Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Србија, Црвен крст Албанија, Црвен крст на Романија, Црвен крст на Бугарија и Црвен крст Босна и Херцеговина.
Главна цел на работилницата беше да се разменат искуства помеѓу националните друштва за клучните достигнувања, позитивни практики и предизвици за време на спроведувањето на активностите поврзани со КОВИД-19 пандемијата, подготвеност за здравје во итни состојби, психолошка прва помош и психосоцијална поддршка. Учесниците на работилницата имаа можност да изработат план за акција за интегрирање на КОВИД-19 активностите во редовните здравствено превнтивни програми.