декември 2, 2014

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

[responsive]Untitled-1[/responsive]

Црвениот крст на Република Македонија како член на Секретаријатот на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, дава активен придонес во борбата против трговијата со луѓе – кој претставува глобален проблем и се рефлектира и во Македонија. Во таа насока Црвениот крст на Република Македонија и оваа година од 2 до 9 декември се вклучува во одбележување на Неделата на борба против трговија со луѓе со организирање на превентивни активности преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Кисела Вода, Карпош, Кавадарци, Битола, Охрид, Куманово, Струмица, Дебар, Струга, Неготино, Ресен, Гевгелија, Гостивар, Кочани, Демир Хисар и Крушево По овој повод ќе се организираат вкупно 40 работилници за врсничка едукација на млади во основни и средни училишта. Со превентивните активности ќе се опфатат вкупно над 900 млади. Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.

< врати се назад