Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА – МИНИ САЕМ НА АКТИВНОСТИ

2016-11-22

НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА – МИНИ САЕМ НА АКТИВНОСТИ

На ден 21.11.2016, на првиот ден од Неделата на грижа за стари лица, која се одбележува од 21 до 28 ноември под мотото: ,,Сите сме нивни деца“, се реализираше мини саем во просториите на КИЦ (Културно Информативен Центар). Со овој настан започна традицоналната календарска активност – Недела на грижа за стари лица, која се одбележа во рамките на ,,Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ – Грижа за стари лица.

На настанот покрај промотивни штандови, секој посетител можеше да направи проверка на нивото на шеќер во крвта и крвен притисок. Повеќе од 200 лица го посетија настанот, а свое обраќање имаше генералниот секретар на Црвен крст на РМ г-дин.Саит Саити, кој воедно и го отвори овој настан. „Во рамките на календарот на тековните активности морам да нагласам дека пет центри подржани од ЕВН  и фондацијата Албиз, дневно опслужуваат 400 стари лица, имаме преку 700 посетители дневно, а за време на оваа недела ќе бидат вклучени 5000 луѓе, волонтери на Црвениот крст на РМ за што поуспешна и поефикасна реализација – изјави Саити“

 

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025