октомври 1, 2022
Недела на млади
Во период од 1-7 октомври традиционално ја одбележуваме Неделата на млади под мотото „Биди причина за нечија насмевка“. Оваа недела ја посветуваме на работата, успесите и достигнувањата што нашите млади ги имаат постигнато во рамки на Црвениот крст на РСМ.
Што ве очекува оваа недела?
Интересни активности и настани низ целата држава преку кои ќе ја доближиме нашата работа до секој од вас а притоа изнудувајќи насмевка на вашето лице.
33 локации во државата ќе ги направиме Црвени зони за млади каде што ќе се промовираат клучните аспекти на младинското работење но и забавата, дружбата и незаборните моменти кои се пропратни во работењето. Секоја зона ќе има посебни катчиња со нашите програми вклучувајќи ги катчето за ментално здравје, катчето за креативна инклузија, катче за промоција на хумани вредности, катче за прва помош и секако други забавно-креативни катчиња. Затоа ако на социјалните медиуми го сретнеш постерчето од подолу, запри со скролање и дознај повеќе за најблиската црвена зона до тебе.
Следната наша иницијатива за неделата е претставува продолжување на мотото „Биди причина за нечија насменка“ која ќе се реализира во партнерство со локалните кафулиња во твојот град. Сега твоето редовно кафе ќе го збогатиме со доза хуманост и ќе прерасне во чашка полна љубов (cup of love) преку најмал гест со кој ќе сподлиш добрина.
За настаните може да дознаеш на Facebook или Instagram страните на Клубот на млади во твојот град.