Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Недела за борба против трговија со луѓе

2013-10-30

Недела за борба против трговија со луѓе

ck_logoЦрвениот крст на Република Македонија и оваа година од 2 до 9 декември  ќе се вклучи во одбележувањето на „Неделата на борба против трговија со луѓе“ .   Во рамките на превентивните активности ќе  се организираат работилници за врсничка едукација на млади во основни и средни училишта кои ќе се спроведат преку  Црвениот крст на град Скопје и  општинските организации на Црвен крст Битола, Штип, Кавадарци, Дебар и Струга. Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на  начините преку кои младите  можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита. Во текот на неделата од 2 – 9 декември,  во ТЦ Рамстор ќе биде  поставен штанд на кој младите волонтери на Црвениот крст на град Скопје ќе дистрибуираат промотивни  материјали.   Во текот на неделата ќе бидат организирани вкупно 7 едукативни работилници со кои ќе се опфатат над 170 ученици од основни и средни училишта во 6 општини во земјата.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025