НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА НА СТАРИТЕ ЛИЦА
Црвениот крст на Република Македонија на 24.11.2015 година организираa прес конференција по повод „Недела на грижа за старите лица“ и на прес конференцијата се обрати генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити, г-ѓа Ленче Карпузовска менаџер за комуникации на ЕВН – Македонија, г-дин Даути Џемаил, претседател на Даути Фондацијата и г-дин Драги Аргировски, претседател на Здружението на пензионерите на РМ.
Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саити,изјави дека Црвениот крст на РМ преку своето дејствување во континуитет дава активен придонес во подобрување на квалитетот на животот на старите лица во земјата. Во таа насока од 23 до 29 ноември 2015 година под мотото: „Сите сме нивни деца“, Црвениот крст на РМ ја одбележува традиционалната „Недела на грижа за старите лица“ со цел да се подигне јавната свест за правата на старите лица, како и да се обезбеди поддршка и грижа на старите лица. Активностите на локално ниво се имплементираат во соработка со општинските здруженијата на пензионери со кои Црвениот крст на РМ континуирано остварува добра соработка, како и со центрите за социјална работа и граѓанските здруженија со кои општинските организации на Црвениот крст остваруваат партнерска соработка.По повод неделата подготвен е промотивен материјал (брошура и постер).
Исто така кажа дека оваа година во општина Сарај ќе се отвори Дневен центар за стари лица со поддршка на Даути Фондацијата. Преку дневните центри и клубовите се имплементираат активности за унапредување на квалитетот на живот, здравјето и психофизичката состојба на старите лица.
Даути Џемаил, претседател на Даути Фондацијата кажа дека нема да застанеме тука каде што почнавме туку ќе продолжиме и понатаму да ги поддржиме активностите на Црвениот крст.
Старите луѓе се генерација што го овозможија нашиот живот денес. Тие ја заслужуваат целата грижа и почит што можат да ја добијат. ЕВН како компанија ја разбира својата одговорност да придонесе кон нивната благосостојба, изјави менаџерката за комуникации на ЕВН Македонија, Ленче Карпузовска.
Драги Аргировски, претседател на Здружението на пензионерите на РМ ја поздрави иницијативата за отварање на Дневен центар за стари лица и истакана дека Здружението има 250.000 пензионери и 53 локани здружења низ цела Македонија.