Red Cross Shape
Oбраќање на генералниот секретар  Д-р Саит Саити

2019-09-11

Oбраќање на генералниот секретар Д-р Саит Саити

Почитувана  Г-ѓа Кејт Брнс Амбасадорка  на САД во Република Северна Македонија почитувани претставници на Амбасадата ,пратеници ,министри , претставници на политички партии,верски заедници во државата, соработници, волонтери, поддржувачи,

Дами и господа

Задоволство е што и денес сме тука заедно ,со заедничка иницијатива со која пружаме помош и поддршка на ранливите категории , но воедно и градиме континуитет преку кој ги унапредуваме нашите релации, промовираме и поттикнуваме хуманост и солидарност  и мотивираме во заедницата.

Почетоците на оваа соработка беа во 2009 година поврзани со американскиот национален ден за служба и сеќавање на жртвите од 11 септември , настан кој ја помести глобалната перцепција за страдањето.

Изминативе години станавме препознаени во заедницата како пример за индивидуална и општествена одговорност во нашата држава, затоа што прераснавме во настан кој е масовно поддржан од голем број наши пријатели , соработници , донатори.

Многу пат во минатото американскиот народ и нашите народи  се соочиле со предизвици кои бараат активизам без дистинкција во однос на вера,етничка и полова припадност и токму тоа не правело посилни и не издигнало над човековите страдања преку нивно ублажување.

Чувството дека помагаш и даваш поддршка и си близу до оние на кои им е потребна помош,сите не прави поголеми личности. Токму такви личности се 2200 крводарители кои изминативе 10 години на овие акции дарувале крв. Длабока почит и благодарност до сите донатори со чија поддршка од 12 тони храна и 250 000,00 денари беа направени 1880 пакети со прехранбени производи со кои директно се помогнати 7520 лица.

Почитувани,

10 години соработка го одбележа градењето на пријателства , грижата за другите ,хуманоста на дело .Низ годините научивме повеќе едни за други, ги прифативме различностите,поставивме цврсти темели кои низ времето ги надградивме. Потребно е да продолжиме да се подобруваме за да се прилагодиме на светот кој постојано и брзо се менува.

На крај почитувани пријатели дозволете да ве повикам сите вас , заеднички да ја пренесеме пораката дека вредностите кои се корисни за заедницата заслужуваат континуитет. Континуитет од кој учиме ние ,вие за себе ,за другите. Работејќи заедно можеме да направиме повеќе ,да го направиме тоа подобро и да стигнеме подалеку.

 

Благодарам за вниманието

Други вести

Ден на формирање на Црвен крст на РСМ и Ден на крводарителство во РСМ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom