април 27, 2016

Обука за едукатори за кампања „Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“

Во периодот 24-16.04.2016 година  во центарот за едукација на кадри во Солферино во Струга се одржа обука за едукатори во рамките на кампањата за подигање на свеста на населението под мотото „„Стоп за рамнодушноста – Да ја сочуваме хуманоста“.

На работилницата учествуваа вкупно 49 претставници од сите Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои имаат претходно искуство како дисеминатори на Црвениот крст и/или имаат одржувано презентации и обуки за разни целни групи за едукација и информирање за активностите кои ги спроведува Црвениот крст.

На работилницата учесниците имаа можност да се здобијат со подетални информации за активностите кои ги реализира Црвениот крст на РМ за поддршка на мигрантите, како и да развијат дополнителни вештини за поуспешно одржување на работилници за едукација на локално ниво.

< врати се назад