февруари 24, 2022

ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАМЕНСКИТЕ ВОЗИЛА НАМЕНЕТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТ НА ЛИЦА

На ден 23.02.2022 година, во рамките на проектот ,,Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвениот крст на РСМ,, поддржан од Австриската Агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст, беше спроведена обука за користење на наменските возила наменети за обезбедување на транспорт на лица кои според здравствената состојба не се наоѓаат во животозагрозувачки ситуации.

Обуката беше составена од теоретски дел на кој беа преставени начините на кои лицата – вработени за оваа услуга ќе воспостават комуникација со лицата – корисници, како и соодветно ќе ги претставуваат принципите на работењето на Црвениот крст. Практичниот дел на обуката беше насочен кон прикажување на можни состојби за корисниците и практични сценарија за справување со истите, како и правилна употреба на медицинска количка, носилка, и давање на поддршка и помош на лицата – корисници од постарата категорија на граѓани.

Обуката беше спроведена од страна на претставникот од Австрискиот Црвен крст, Кристијан Диемт со поддршка на вработените лица на проектниот тим при Црвен крст на РСМ и Црвен крст на град Скопје.  

< врати се назад