јуни 4, 2021

Обука за нови ориентери на Црвен крст на РСМ

Во периодот од 31 мај до 01 јуни 2021 година се одржа дводневна онлајн работилница за нови ориентери на Црвен крст на РСМ на која зедоа учество 21 претставник на општинските организации на Црвен крст на РСМ и Црвен крст на град Скопје. Обуката ја спроведоа предавачи од националното друштво. Дводневната работилница имаше за цел да се оспособат нови ориентери во организацијата на Црвен крст кои ќе бидат задолжени во општинските организации на Црвен крст да спроведуваат ориентациски сесии со заинтересирани лица од локалните заедници кои сакаат да се приклучат на Црвениот крст на РСМ како волонтери или членови на организацијата.

 

Со обуката новите ориентери беа запознати со разни аспекти поврзани со работата на Црвениот крст како што се историјата на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, амблемите на Движењето, основите на Меѓународното Хуманитарно Право, основните принципи на Движењето, историјатот, структурната поставеност и програмите на Црвен крст на РСМ, Етичкиот Кодекс на Црвен крст на РСМ и подготовка на акциони планови за работа во општинските организации на Црвен крст на РСМ.

< врати се назад