октомври 29, 2022

ОБУКА ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ФОНД ЗА РАЗВОЈ И ПРОЕКТИ

Во периодот 26-28.10.2022 година во х. Солферино во Струга, се одржа обука за подготовка на проекти за „Фонд за развој и проекти“. Обуката беше наменета за претставници од 7 Општински организации на Црвен крст кои досега имаат искажано интерес за дополнителна надградба или имаат поднесувано проектни апликации на повиците за поддршка во рамките на Фондот за развој.

За време на обуката се претставуваа критериумите и условите за аплицирање дефинирани во Правилникот за работа на Фондот за развој и проекти на ЦКРСМ, се разработуваа форматите за подготовка на предлог проект, предлог буџет за проект, видливоста и се споделуваа позитивни примери и искуства од поддржани проекти од Фондот во изминатите години.

Преку примена на интерактивни методи се разработуваа теми поврзани со развојот на општинските организации на Црвениот крст во делот на поддршка на иницијативи за зголемување на членството, бројот на волонтерите или одржување на финансиска стабилност.

На учесниците им беше претставен и пристапот на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина за „Процес на планирање на проекти“ како и преведените прирачници за подготовка на проекти.

< врати се назад