Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Обука за Прва Психолошка Помош при кризни и итни состојби

2023-09-19

Обука за Прва Психолошка Помош при кризни и итни состојби

Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка при Црвениот крст на Република Северна Македонија на 19.09.2023 реализираше еднодневна обука на тема: Прва Психолошка Помош при кризни и итни состојби. Обуката ја реализираше психолог и претседател на телото за итен одговор при катастрофи на Комората на психолози Тиана Ивановска.

18 учесници од Црвениот крст на РСМ, преставници од ЦКГС, ООЦК Кичево, ООЦК Кавадарци, ООЦК Гостивар, ООЦК Охрид и членови од тимот на телото за итен одговор при катастрофи на Комората на психолози на РСМ имаа можност да ги продлабочат своите знаења за прва психолошка помош во комплексни настани. Оваа активност ги зајакна капацитетите на учесниците кои понатаму ќе реализираат и имплементираат активности за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка при кризни ситуации. Учесниците обучени за психо-социјален одговор при кризи, се дел од компонентата за справување и дејствување во кризи на Центарот на Ментално Здравје и Психо-социјална поддршка.  

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025