Red Cross Shape
Oбука за Психолошка прва помош во кризни ситуации за волонтери

2017-03-06

Oбука за Психолошка прва помош во кризни ситуации за волонтери

Во периодот од 03-05.03.2017 година во тренинг центарот Солферино во Струга, во рамки на проектот за Психолошка прва помош во кризни ситуации и катастрофи,а со финансиска подршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина беше реализирана обука за Психолошка прва помош во кризни ситуации. Обуката беше реализирана во соработка со претставници на Црвениот крст на Хрватска, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и наменета за обука на нови волонтери кои би се вклучиле во идни потреби и активности  на Црвениот крст на Р Македонија.

На обуката присуствуваа 28 учесници, волонтери на Црвениот крст и претставници на Комората на психолози ( со која Црвениот крст на Р Македонија има потпишано Меморандум за соработка).

Преку реализација на оваа обука Црвениот крст на Р.Македонија имаше за цел да се зајакнат капацитетите на националното друштво во областа на Психосоцијалната и првата психолошка помош за адекватен одговор на потребите при идни кризни состојби или катастрофи

Учесниците на оваа обука имаа можност да се запознааат поблиску со активностите кои Црвениот крст на Р.Македонија ги реализира особено во услови на катастрофи и кризни ситуации, како и со основните во укажување на  психолошка прва помош во кризни ситуации, запознавање со улогата и задачите на волонтерите во давање на психосоцијална поддршка и прва психолошка помош, препознавање на симптомите на траума, стрес, нарушување  кај лицата во вакви ситуации, пристапот до нив, првиот контакт како и начинот на комуникација и потребните активности за нивна поддршка, како и  подршката на волонтерите/помагателите и грижата за самите себе.

 

Други вести

Обука на психолози за ПТСР: Процена, стабилизација и упатување во институционален контекст
Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom