Обука за сексуално и родово базирано насилство и психосоцијална подршка
Во периодот од 12.09-14.09.2016 година во тренинг центарот Солферино во Струга беше реализирана работилница за сексуално и родово базирано насилство и психосоцијална подршка со подршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. На обуката присуствуваа 27 учесници од повеќе општински организации на Црвениот крст на Р.Македонија Велес, Куманово, Кичево, Свети Николе, Битола, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка и Црвен крст на Град Скопје.
Обуката имаше за цел запознавање и добивање на основни поими за сексуално и родово базирано насилство (СРБН) и стекнување на вештини за приод и подршка на личностите кои преживеале семејно насилство.
Темите кои беа опфатени беа со оваа обука беа различни форми на сексуално и родово базирано насилство (СРБН), психолошкиот импакт врз личноста која преживеала СРБН,психолошките потреби на личностите кои преживеале насилство, Централизиран пристап и стекнување на практични вештини во овој приод кон жртвата, подржувачки комуникациски вештини, не вербална комуникација, систем на препраќање, Пирамидата на интервенции итн.
На крајот од оваа работилница од страна на учесниците беа утврдени потребите и приоритетите како и следните чекори и активности на општинските организации и Црвениот крст на Р.Македонија во насока на зајакнување на капацитетите и дејствување во областите на сексуално и родово насилство и психосоцијална подршка на личностите кои преживеале ваков вид на насилство.