Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Обука за врснички едукатори за борба против трговија со луѓе

2020-01-28

Обука за врснички едукатори за борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на проектот „Борба против трговија со луѓе“ поддржан од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, од 23 до 26 јануари 2020 година во Центарот за едукација на Црвениот крст во Струга ја одржа првата обука за врсничка едукација на млади за борба против трговија со луѓе. На работилницата присуствуваа 15 млади волонтери од општинските организации на Црвениот крст Куманово, Кочани и Кичево. Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на националното друштво за имплементација на активности за превенција од трговија со луѓе кај младите. Ваков вид на работилница ќе се одржи од 30 јануари до 2 февруари 2020 година на која ќе учествуваат волонтери од општинските организации на Црвениот крст Битола, Прилеп и Ресен. Со цел да ги зајакнат своите вештини за одржување на превентивните работилници со нивни врсници во месец февруари и март 2020 година ќе бидат одржани уште две обуки. 

Според планот за акција проектните активности ќе се имплементираат заклучно со јуни 2020 година,  во рамките на кој  ќе се одржат превентивни работилници со  младите во основни и  средни училишта за подигање на свеста  за заштита од трговијата со луѓе. На волонтерите на Црвениот крст покрај обуката  ќе им бидат обезбедени и едукативни алатки – прирачници, како и информативни флаери кои ќе ги користат при имплементирање на  превентивните лекции во основните и средни училишта во шесте општини.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025