Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО РСМ

2022-03-24

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО ВО РСМ

Денес во хотел DoubleTree by Hilton- Скопје со пригоден настан се одбележа 17 Март – Денот на крводарителството во РСМ. На настанот присуствуваше Министерот за здравство Д-р. Беким Сали, Претседателот на Црвениот крст на РСМ проф. д-р Ромел Велев, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити, претставници на институции, како и претставници на општинските организации на Црвениот крст.

На настанот се обрати Претседателот на Црвениот крст проф. д-р Ромел Велев каде истакна крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност и има воспитно значење кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Во текот на пандемијата КОВИД-19, ние континуирано ги повикувавме дарителите на крв да продолжат со нивната суштинска услуга за поткрепа и одржување на нашиот здравствен систем. И покрај сите тешкотии и несакани последици, се потврдува  подготвеноста на граѓаните да донираат крв во се поголем број. Едно нешто секогаш ќе остане постојано со дарување крв, донаторите спасуваат животи. И за тоа, секогаш ќе бидеме благодарни.

Исто така пред присутните се обрати и Министерот за здравство Д-р. Беким Сали каде потенцираше дека токму Црвениот крст е наш постојан партнер во реализирање на активностите за континуирана воспитна и мотивациска програма меѓу населението, непосредна подготовка на крводарителските акции и изготвување информативни материјали, учество на волонтери, како и доделување признанија на крводарителите.

Министерот за здравство во знак на благодарност им врачи признанија на 16 Општински организации на Црвен крст кој го исполнија планот за крводарување во 2021 година. (Општинска организација на Црвен крст Битола, Велес, Виница, Демир Хисар, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Неготино,Пробиштип, Свети Николе, Струга, Штип,Гази Баба, Карпош, Центар и Чаир).

Црвениот крст на РСМ изразува благодарност на х. DoubleTree by Hilton- Скопје за нивната поддршка во организирање на настанот како општествено одговорна компанија.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025