Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележан 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителство

2016-07-12

Одбележан 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителство

Под мотото  Крвта не спојува сите насСподели живот, дарувај крв!, Црвениот крст на РМ, Црвен крст на град Скопје во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина, и оваа година се вклучи во одбележување на 14 Јуни, Светски ден на крводарителство.

Централниот настан се реализираше во ГТЦ Скопје, каде беше поставена изложба на креативи/ постер решенија произлезени од објавениот конкурс во соработка со  здружението на графички дизајнери „ Плакарт“, за изработка на идејно решение на тема  „Дарување крв, младост, хуманост„ , чија цел е промоција на крводарителството, мотивирање и поттикнување на младите. Активноста е дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Трансмет- Скопје. Беа изложени 33 идејни решенија, а истите се од интернационален карактер (Македонија, Индија, Кина, Иран, Еквадор, Полска, Австралија). На настанот, присутни беа волонтерите од Клуб 25 и крводарители од Клуб на крводарители на Црвен крст на град Скопје. Волонтерите поделија информативни и едукативни материјали на минувачите, а екипа од Институтот за Трансфузиона медицина одредуваше крвна група на заинтересираните граѓани и случајните минувачи.

DSC_0007

Беше организиран и квиз за посетителите на настанот, со награди како мотивација за оние кои знаат најмногу за крводарителството.

Настанот беше проследен од голем број на медиуми и истите го промовираа во електронските и пишаните медиуми.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025