Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Недела на борба против рак

2023-03-01

Одбележување на Недела на борба против рак

Црвениот крст на Република Северна Македонија согласно календарот на традиционални активности во периодот од 01 до 08 март 2023 година ќе ја одбележи Неделата на борба против рак под мотото ‘‘Знаењето спасува живот,,.

Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Северна Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. Експертите од Меѓународната унија за канцер и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на малигни заболувања може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и промена на животните навики.

Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје во рамките на Неделата ќе организираат едукативни работилници за различни целни групи и ќе споделуваат објави на социјалните мрежи со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања. Со овие едукативни работилници ќе се опфати младата популација, ученици од средно училиште, како и повозрасна популација согласно полот и ризикот од појава на одреден вид на малигно заболување.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025