Red Cross Shape
Одбележување на Недела на борба против шеќерна болест

2021-10-10

Одбележување на Недела на борба против шеќерна болест

Црвениот крст на Република Северна Македонија традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерната болест (дијабет) од 10-16 октомври 2021 година под мотото “Здрав начин на живот и дијабетот”.

Дијабетот не е само зголемено количество на шеќер во крвта, тоа е хронична, исцрпувачка и скапа болест која го засега целото семејство. Се јавува како резултат на нездравиот животен стил кој подразбира лоша исхрана со конзумирање на брза храна и газирани пјалоци, намалена физичка активност и прекумерен стрес. Бројот на заболени се зголемува и затоа е неопходно да се прават превентивни прегледи и да се подигне свеста кај населението за ризик факторите за појава на дијабетот поврзани со исхраната, физичката неактивност, зголемена телесна тежина и стресот. 5-те златни правила за справување со оваа болест се : балансирана исхрана, физичка активност, самоконтрола на нивото на шеќер во крвта, едуцирање и употреба на лековите според упатствата.

Според податоците на Светска здравствена организација во 2018 година 9% од возрасното население над 18 години имале дијабет на светско ниво или околу 425 милиони лица. Дијабетот е директна причина за смрт кај 1,5 милиони лица, а до 2030 година се претпоставува  дека ќе биде седма причина за смрт во светот.

Во Република Северна Македонија има регистрирано околу 120.000 лица со дијабет тип 1 и тип 2, од кои 40.000 се на инсулинска терапија.

Во таа насока со цел да го дадеме нашиот придонес во континуирани напори за превенција на шеќерната болест, Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе преземат активности за подигнување на свеста од ризиците за појава на шеќерната болест преку спроведување на едукативни работилници кои ќе бидат организирани според  мерки за превенција од КОВИД -19 и преку он лајн едукации и споделувања на објави на социјалните мрежи.

 

Други вести

Хуманитарна помош за Блага Милошевиќ
Помош и поддршка за настраданото население предизвикано од поплавите во Кичево, Гостивар и Скопје
Волонтерите на Црвениот крст на терен во општина Сарај

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom