Red Cross Shape
Одбележување на Неделата на борба против ракот 01-08 март 2021 година

2021-03-01

Одбележување на Неделата на борба против ракот 01-08 март 2021 година

Согласно календарот на традиционални активности на од 01 до 08 март 2021 година Црвен крст на Република Северна Македонија ќе ја одбележи Неделата на борба против рак под мотото Јас можам и Јас ќе успеам– во борбата против рак.

Клучна улога во борбата против ракот претставуваат здравствените услуги за неговото рано откривање.

            Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак, додека 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Северна Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.

Малигните заболувања со учество од 20-25 % се наоѓаат на второ место по причините за смрт веднаш по кардио-васкуларните болести.

            Експертите од Меѓународната унија за рак и СЗО нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и промена на животните навики :

  • престанок на пушење и избегнување на пасивно пушење,
  • ограничена консумација на алкохол,
  • секојдневна физичка активност,
  • јадење здрава храна,
  • одржување нормална телесна тежина,
  • избегнување на прекумерна изложеност на сонце и
  • заштита од инфекции кои предизвикуваат рак.

Други вести

Гостување на свечено одбележување на Јубилеј – 150 години од основањето на Црвен крст на Србија
Обука за ПХВ дисеминатори ПХВ циклус 2026 година
Реализирани крводарувања во 2025 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom